- Стручни работилници
- Психолошки работилници за родители
Во КАЛИНКА имате можност да научите како да го стимулирате и поттикнете развојот на вашето дете во домашни услови. Научете кои активности можете да работите за вашето дете целосно да ги искористи сопствените капацитети. Дознајте повеќе за говорот, фината моторика, грубата моторика, когницијата и социјализацијата. Ќе можете да научите се што ве интересира за развојот и стимулацијата на развојот. Едукацијата е организирана така што родителите присуствуваат за време на третманот и ги следат активностите кои се спроведуваат од страна на стручниот тим на КАЛИНКА. Родителите можат да работат со детето за време на третманот под супервизија од страна на нашите терапевити и да добијат правилни насоки и повратни информации. Едукацијата е наменета за сите родители кои ги интересира развојот на нивното дете како и за родители на деца со потешкотии во развојот.