Повеќегодишното искуство надополнето со примената на современите дијагностички методи во КАЛИНКА, овозможува рана детекција на развојните потешкотии и навремено вклучување во програмата за рана  стимулација на развојот:
-    Проценка на целокупниот психомоторен развој на деца, почнувајќи пред две годишна возраст
-    Индивидуални програми за стимулација на развојот со  вклучување на тим од специјаисти: лекар специјалист, клинички психолог, специјален едукатор и рехабилитатор и логопед, во зависност од  потребите на детето
КАЛИНКА располага со оптимални услови за стимулација на детскиот развој, специјално опремен надворешен и внатрешен простор за примена на најсовремени методи за поттикнување на сите сфери на развојот кај деца од најрана возраст