Најава

Login to your account

Username
Password *
Remember Me

 

slika15 slika14 slika16 senzornaintegracija senzorna9

Што претставува сензорната интеграција?
Сензорната интеграција е невролошки процес во кој се организираат сетилните дразби од сопственото тело и надворешната средина и кој ни овозможува ефикасно користење на телото во интеракциите со околината. Така создаваме целисходни, адаптивни однесувања како одговор кон средината.
Сензорниот систем ги вклучува сетилата за вид, слух, вкус, мирис, тактилното сетило (допир), проприоцептивното сетило (мускули и зглобови) и вестибуларното сетило (рамнотежа и движење).

Како проблемите во сензорната интеграција се одразуваат на секојдневното функционирање на детето?
Проблемите во ефикасното интегрирање на информациите од сетилата можат да влијааат на ограничување на способностите на детето да се насочува кон задачите, да изведува координирани моторни активности, да планира и секвенционира нови задачи, да развива социјални релации, да извршува задачи поврзани со грижата за себе, да учествува во семејните активности и да извршува барања во врска со училиштето. Во однос на способностите и вештините поврзани со училиштето, нарушувањата на сензорното интегрирање се одразуваат на способноста за исправено седење во клупата, одржување на вниманието, грубата и фината моторика, пишувањето, следењето налози, самостојното извршување на серии од задачи, координацијата око-рака, играта и релациите со врсниците и сл.

Проценка на состојбата на сензорната интеграција и план за терапија
Доколку постои сомневање за постоење на нарушувања на сензорното процесирање, за утврдување на областите во кои постојат проблеми и правилно планирање на третманот, од страна на терапевтот се применуваат:
- опсервирање на детето во природно опкружување
- интервјуа со родителот и наставникот
- стандардизирани тестови
- структурирани клинички опсервации за да се одредат специфичните начини на кои нарушената употреба на сетилните информации се одразува на ефикасното функционирање на детето.

Како изгледа сесијата на терапија со сензорна интеграција?
Штом ќе се заврши со евалуацијата, терапевтот дизајнира план за интервенција чија цел е зајакнување на способноста на детето за ефикасно корисење на сетилните информации. Ова подразбира внимателна употреба на вестибуларен, проприоцептивен и тактилен сензорен инпут за да му се помогне на детето да развие основа за соодветно сензорно процесирање врз кое ќе се надоградуваат функционалните вештини.
Терапијата со сензорна интеграција има неколку основни карактеристики:
- Се одвива во опкружување кое нуди богатство од вестибуларни, проприоцептивни и тактилни можности;
- Се обезбедуваат правилни предизвици за детето;
- Детето учествува во изборот на активности;
- Се обезбедува максимална самоорганизација на детето;
- Се обезбедува оптимално внимание од страна на детето;
- Се создава контекст на игра;
- Се овозможува детето да доживее успех;
- Се обезбедува физичка и емоционална сигурност;
- Просторијата и распоредот во неа се организира за ангажирање на детето;
- Се зајакнува терапевтската соработка.

Сензорна соба
Што е Snoezelen (Сензорна соба)?
Snoezelen или контролирана мулти сензорна стимулација потекнува од Холандија во 70-тите години со цел да се докаже дека околината влијае на однесувањето. Името Snoezelen доаѓа од холандските зборови (snuffelen ) истражува, бара и doezelen (спие, дремнува).
Snoezelen е недирективна терапија која делува на основните сетила за вид, слух, допир и мирис. Преку хармонично и контролирано изложување користи светлосни ефекти, бои, звуци, музика и мириси. Snoezelen собата е соба која е специјално опремена и каде природата, интензитетот и количината на стимулусот е контролирана.
Може да се постави така што се стимулираат повеќе сетила (multisensory) или фокусот да е само на едно сетило (single sensory focus). Целта на ова активност е да се постигне баланс помеѓу релаксацијата и активноста во рамки на сигурна и адаптирана средина. Предноста на Snoezelen е дека за ова терапија не е потребна вербална комуникација и може да се користи и кај лица кои неможат да зборуваат. Овозможува стимулација на оние кои не реагираат на околината, кои не зборуваат и до кои неможеме да допреме.

               

Дизајн
Snoezelen може да се опише како еден магичен свет. Уште од самиот влез ве пленуваат опојните мириси, осветлените туби со меурчиња, ѕвезденото небо и пријатната музика. Со мноштво сензорна стимулација и можности Snoezelen постигнува голем успех. Креира атмосфера која ги мотивира децата и возрасните да учат , го намалува стресот, овозможува одвелкување на внимание. Како вид на терапија помага со зближување на луѓето, ги намалува потешкотиите.
Snoezelen се користи кај аутизам, растројства во развојот, деменција, повреди на мозокот како и за мали деца. Најчести истражувања се клиничките студии кои покажуваат дека во Snoezelen средината намалена е вознемиреноста и стереотипното однесување за 50%, а агресивното однесување и самоповредувачкото однесување за 75%.
Благодетите на Snoezelen се користат во училишта, градинки, дневни центри, психијатриски институции и центри за рехабилитација. Се користи како педагошка и терапевтска мерка. Овие соби се посебно дизајнирани да предизвикуваат кај луѓето, одмор, мир, добросотојба, задоволство и радост. Пријатното опкружување навраќа пријатни спомени. Со ова се зголемува потенцијалот за развивање на идеи.