Говорната терапија во КАЛИНКА ја спроведуваат искусни логопеди, со примена на современи логопедски процедури за третман на широк спетар на нарушувања на говорот.
- Нарушувања во артикулацијата на говорот
- Нејасен говор
- Нарушувања на рецептивниот и експресивниот говор
Терапискиот пристап вклучува иницијална проценка на потешкотиите на говорот и проблемот во комуникацијата, врз база на која се оределува инивидуален тераписки програм.
Говорните вежби и останатите активности се организираат во зависност од возраста на детето и вклучуваат:
- Интеракција за време на игра, примена на слики, книги и други средства кои го стимулираат говорот
- “Forbrain” метод за подобрување на перцепцијата и процесирањето на сопствениот говор
- Вежби за правилно изговарање на гласовите и слоговите
- Инструкции за родителите како да ги спроведуваат вежбите во домашни услови.