Прескокни до содржината

ул. Франц Розман 2б, Влае, Скопје · Пон–Пет 08:30–16 ч. · Саб 10–12:30 ч.

Лого на Калинка – Центар за ментално здравје
Закажете средба
фокусирани деца на средба кај логопед психијатар дефектолог

Блог

Дефектолог, логопед или психолог: кај кого прво да одите?

Објавено

ноември 26, 2026

Забележувате дека вашето дете зборува помалку од врсниците, тешко се концентрира или често има изливи на бес? Првото прашање што најчесто го слушаме од родителите не е „Што му е?“, туку „Кај кого треба да одам?“. И тоа е сосема разбирливо: логопед, дефектолог и психолог често работат со истите деца,но гледаат на различни делови од развојот.

Краток одговор: ако тешкотијата е во говорот и јазикот, почнете со логопед. Ако грижата е поврзана со учењето, вниманието, самостојноста или општиот развој, дефектологот е добар прв чекор. Ако се во прашање емоциите, стравовите или однесувањето, обратете се кај психолог. А ако не сте сигурни, тоа не е проблем: добар центар ќе ве насочи кон вистинското стручно лице уште при првиот разговор.

Што работи секое стручно лице?

Во продолжение објаснуваме што работи секој од нив, кои знаци водат кон кого и кога е потребено повеќе од едно стручно лице.

Логопед: говор, јазик и комуникација

Логопедот работи со сè што е поврзано со говорот: доцнење во проговарувањето, неправилен изговор на гласови, пелтечење, сиромашен речник или тешкотии детето да го разбере што му се зборува. На првата средба го проценува разбирањето и изразувањето, најчесто низ игра, слики и разговор.

Во Калинка, логопедските третмани ги води  Жаклина Манасиевска.

Дефектолог: развој, учење и самостојност

Дефектологот, официјално специјален едукатор и рехабилитатор, го гледа развојот како целина: когнитивните и психомоторните вештини, вниманието и концентрацијата, самостојноста и функционалните вештини за секојдневието. Тој прави дефектолошка проценка и индивидуален план, а често работи и со сензорна интеграција и стимулација на раниот развој.

Во Калинка, раната дијагностика и третман, стимулацијата на детскиот развој и сензорната интеграција ги води дефектологот Анета Филипоска.и Богина Шубеска Бошеска.

Психолог: емоции, однесување и психолошка проценка

Психологот работи со емоционалните и однесувачките тешкотии: стравови, анксиозност, чести изливи на бес, промени во расположението, тешкотии во односите со другите. Тој прави и психодијагностика, стандардизирана проценка на способностите и на емоционалниот развој, и нуди советување и психотерапија за децата и поддршка за родителите.

Во Калинка, овие проценки и третмани ги води Калина Пиперевска, специјалист по медицинска психологија, во соработка со детскиот психијатар Мери Бошковска. За тинејџерите постои посебно советување за адолесценти.

 Кај кого прво да се обратите?

Табелата Ви дава предлог кое стручно лице е најдобар избор во зависност од потешкотиите.Тоа е насока, не дијагноза: секое дете се развива индивидуално.

Што забележуватеКај кого првоПовеќе во Водичот
Зборува малку или нејасно за својата возрастЛогопедДоцнење во говорот
Пелтечи или грешно изговара гласовиЛогопед
Ретко ве гледа во очи, не реагира на името, не покажува со прстДефектолог и психолог (заедничка проценка)Рани знаци на аутизам
Тешко седи мирно, брзо се одвлекува, заборава задачиДефектологТешкотии со вниманието и немир
Не може да се следи на учењето, му е тешко читањето или пишувањетоДефектологТешкотии во учењето
Подоцна седнало и проодело, често паѓа, несмасно еДефектологМоторен развој
Силно реагира на звуци, допир, облека или хранаДефектолог (сензорна интеграција)Сензорна чувствителност
Чести и силни изливи на бесПсихологИзливи на бес
Многу се грижи, има стравови, тешко се одделува од васПсихологДетски стравови и анксиозност
Тинејџерот се повлекува, често е тажен или под стресПсихологТинејџери: расположение и стрес
Трепка, гримасира или испушта звуци без да може да ги контролираПсихолог, а по потреба детски психијатарТикови кај децата

Сите знаци по возраст се собрани во Водичот за родители.

Кога е потребено повеќе од едно стручно лице

Развојот ретко може да се подели на јасно разграничени области. Доцнењето во говорот може да биде само тешкотија со говорот, но може да биде и дел од поширока слика, на пример поврзано со слухот, со комуникацијата или со општиот развој. Исто така, немирот на час може да доаѓа од тешкотии со вниманието, но и од анксиозност или непрепознаени тешкотии во учењето.

Затоа најдобриот почеток често е заедничка проценка. Во Калинка случајот го разгледуваат повеќе стручни лица, па ако тешкотијата е во повеќе области, не мора да одите од едно место на друго. Сите членови на тимот се на страницата Стручен тим.

Кога прво кај лекар

Некои знаци бараат прво медицинска проценка, па потоа терапија:

  • Детето губи вештини што веќе ги имало, на пример престанува да ги користи зборовите што ги знаело. Тоа е знак за брза проценка, без чекање.
  • Се сомневате дека детето не слуша добро. Кај секое доцнење во говорот, слухот треба да се провери.
  • Кратки епизоди на „исклучување“, запирање со поглед или необјаснети движења. Овие состојби ги проценува лекар, често со ЕЕГ преглед.
  • Силни промени во спиењето, јадењето или расположението кај постаро дете или тинејџер. Тогаш е потребен и детски психијатар.

Во Калинка работат и развоен педијатар, Олга Јотовска, и детски психијатар, Мери Бошковска, а ЕЕГ прегледите кај деца се снимаат во самиот центар. Така медицинскиот и терапевтскиот дел се на едно место.

Што да понесете на првата средба

Кое било стручно лице да го изберете, првата средба ќе биде покорисна ако дојдете подготвени:

  1. Кратки белешки за тоа што го забележувате: од кога, колку често и во кои ситуации.
  2. Кратко видео од дома, ако тоа што ве загрижува не се случува секогаш (излив на бес, начин на говор, епизод на „исклучување“).
  3. Претходни наоди: од педијатар, слух, вид или други проценки.
  4. Мислење од градинка или училиште, ако воспитувачката или наставникот забележале исто или нешто друго.
  5. Вашите прашања, запишани, за да не ги заборавите на самата средба.

Што се случува при првата посета на Калинка, чекор по чекор, прочитајте на страницата Прва посета.

Не мора сами да одлучите

Ако по овој текст сè уште не сте сигурни кај кого да почнете, тоа е сосема во ред. Јавете се на 02/ 2060-196 или 072 232 363 , кратко кажете ни што забележувате, а ние ќе ве насочиме кон стручното лице кое е најсоодветно за вашето дете. Можете да ни пишете и преку формата за контакт.

Прашања

Дали ми треба упат за логопед, дефектолог или психолог?

Не. Калинка е приватна установа и можете да се обратите директно, без упат.

Од која возраст може да се направи проценка?

Проценка на развојот може да се направи уште во најраната возраст. Колку порано се препознае тешкотијата, толку повеќе простор има за поддршка. Не чекајте детето „само да се стигне“ ако нешто ве загрижува подолг период.

Колку трае проценката?

Првата средба е запознавање: разговор со родителот и набљудување на детето низ игра. Целосна проценка обично бара повеќе средби, за да се добие јасна слика.

Дали детето ќе се чувствува како да е на тест?

Кај помалите деца проценката најчесто изгледа како игра, во простор создаден за деца. На детето можете да му кажете дека одите кај некој што игра и разговара со деца.

Може ли дел од поддршката да биде онлајн?

Да. Советувањето, психотерапијата и поддршката за родители се достапни и преку онлајн советување. Проценките и терапиите со детето се прават во центарот.

Анета Филипоска

Автор

Анета Филипоска

Специјален едукатор и рехабилитатор

Дефектолошка дијагностика, проценка и третман на деца со развојни тешкотии, со фокус на вниманието, самостојноста и функционалните вештини.

Прочитајте повеќе

Стручно прегледал: Калина Пиперевска

Имате прашање или ви е потребна поддршка?

Нашиот тим е тука за информации и закажување средба.