Прескокни до содржината

ул. Франц Розман 2б, Влае, Скопје · Пон–Пет 08:30–16 ч. · Саб 10–12:30 ч.

Лого на Калинка – Центар за ментално здравје
Закажете средба

Стручен тим

Калина Пиперевска

Специјалист по медицинска психологија

Основач и раководител на Центарот за ментално здравје Калинка. Психолошка проценка, психодијагностика и третман на деца и адолесценти, советување и поддршка за родители.

Калина Пиперевска, клинички психолог во центарот Калинка во Скопје

Калина Пиперевска е основач и раководител на Центарот за ментално здравје Калинка. Дипломиран психолог е на Универзитетот Шефилд, со специјализација по медицинска психологија на Универзитетската клиника за психијатрија при државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Поседува долгогодишно професионално искуство во областа на клиничката психологија, психодијагностиката и психолошкиот третман на деца и адолесценти. Во својата професионална практика е посветена на раното препознавање, проценка и дијагностика на развојните, емоционалните, когнитивните и однесувачките тешкотии кај децата, со искуство во примена на психодијагностички инструменти и методи за сеопфатна проценка на психолошкото функционирање.

Во рамки на својата работа спроведува индивидуализирани психолошки третмани за деца со развојни и психолошки тешкотии, како и психолошко советување, едукација и поддршка на родителите во справувањето со развојните и воспитните предизвици.

Области на работа

  • Психодијагностика
  • Рано препознавање на развојни тешкотии
  • Психолошки третман на деца и адолесценти
  • Советување и едукација на родители

Квалификации

Образование и обуки

  • Дипломиран психолог – University of Sheffield
  • Специјализација по медицинска психологија – Универзитетска клиника за психијатрија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  • Едукација по когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ) (2007 – 2010)
  • Програма за обука на кадри за отворање дневни центри за лица со попреченост во развојот – Акредитирана од Министерството за социјална работа и политика на Р. Србија (2011)
  • Обука по сензорна интеграција (2014)
  • Активно учество на Психијатрискиот конгрес во Берлин, Германија – Тема: „Важноста на интегративниот и мултидисциплинарниот пристап кај развојните отстапувања“ (2015)
  • Registered Behavior Technician (RBT) обука (2017)
  • Третман на траума преку арт-терапија – Протокол на проф. д-р Паола Луцато, Италија (2026)
  • Едукативна програма „Теории и методологии во работата со сон“ – Специјализација во методот на линија на помал отпор во работата со соништата (2026)
  • Комора на психолози на Република Северна Македонија (лиценца бр. 087)

Професионални референци

Јазици: Македонски, English

Услуги

Со што може да помогне

Заинтересирани сте за средба со Калина Пиперевска?

Пополнете ја формата или јавете се – ќе ве контактираме за слободен термин.