За Калинка
Од 2011 година растеме заедно со семејствата
Помагаме на децата, адолесцентите и возрасните да ги разберат своите тешкотии и да ги развијат своите капацитети – со стручност, топлина и почит кон секое семејство.
Нашата приказна
Првиот приватен центар со мултидисциплинарен пристап
КАЛИНКА е центар за ментално здравје кој работи во областа на превенцијата, дијагностиката и третманот на различни состојби на менталното здравје – од најраното детство до возрасната возраст.
Бевме првата приватна установа во Македонија што понуди мултидисциплинарен пристап во третманот на развојните нарушувања – аутистичен спектар, говорни, моторни тешкотии и тешкотии во учењето. Психолог, дефектолози, логопед, педијатар и детски психијатар работат заедно, не одделно.
Нашиот пристап
Четири принципи во секоја средба
01
Рано откривање
Раното препознавање на првите знаци и навремениот почеток на третманот се клучни за успехот.
02
Целосна евалуација
Точната дијагноза се темели на детална проценка и води кон индивидуален тераписки план.
03
Мултидисциплинарен тим
Секој случај го разгледуваат повеќе стручни лица – за да се види целата слика.
04
Партнерство со родителите
Родителите учат, вежбаат и добиваат повратни информации – напредокот продолжува дома.
Со што помагаме
Со што најчесто ни се обраќаат
Доцнење во говорот и говорни нарушувања
Аутизам и первазивни развојни нарушувања
Тешкотии во моторниот развој
Тешкотии во учењето и подготвеност за училиште
Стрес, анксиозност и стравови
Прилагодување, тага и депресивност
Тикови и тешкотии во однесувањето
Просторот
Простор создаден за деца
Специјално опремени простории за терапија, Snoezelen сензорна соба и надворешен простор за стимулација на сите аспекти на детскиот развој – од најмала возраст.
Нашите вредности
Почит
Секое дете и семејство се единствени.
Доверливост
Вашата приказна останува кај нас.
Стручност
Постојана едукација и валидирани методи.
Топлина
Средина во која детето се чувствува безбедно.
Да започнеме со разговор
Јавете се или пишете ни – ќе ве ислушаме и заедно ќе го одредиме првиот чекор.