Прескокни до содржината

ул. Франц Розман 2б, Влае, Скопје · Пон–Пет 08:30–16 ч. · Саб 10–12:30 ч.

Лого на Калинка – Центар за ментално здравје
Закажете средба

Услуга

Онлајн советување и поддршка

Стручна поддршка достапна насекаде во светот.

Грижата за менталното здравје треба да е достапна каде и да живеете. Онлајн советување и поддршка за деца, возрасни и родители, во време што ви одговара.

Поддршка каде и да живеете

Онлајн советувањето и поддршката се достапни за цел свет. Преку видео-повик можете да разговарате со нашите стручни лица од домот, без разлика каде живеете.

За што можете да побарате поддршка

  • Совети околу деца и возрасни.
  • Поддршка за родители.
  • Индивидуални психолошки и психотерапевтски средби.
  • Поддршка за развојот на детето, доколку родителите немаат пристап до таква поддршка таму каде што живеат во странство.

Видови поддршка

Каква поддршка барате?

ВО СТРАНСТВО

Поддршка за развој

За родители кои немаат пристап до поддршка за развој таму каде што живеат во странство.

Прашајте за поддршка →

Првата средба

Што да очекувате?

  1. Прв контакт

    Се јавувате или ни пишувате; ве насочуваме кон соодветното стручно лице и договараме термин.

  2. Запознавање и проценка

    Разговор со родителот и набљудување на детето низ игра, во опуштена атмосфера.

  3. План и следни чекори

    Ги објаснуваме наодите и заедно договараме индивидуален план за поддршка.

Пристап

Стимулација во домашни услови

  • Родителите можат да работат со детето за време на третманот под супервизија од страна на нашите терапевти и да добијат правилни насоки и повратни информации.
  • Едукацијата е наменета за сите родители кои ги интересира развојот на нивното дете, како и за родители на деца со потешкотии во развојот.

Прашања

Пред вашата прва средба

Како се одвива онлајн средбата?

Преку видео-повик во договорен термин. Потребни ви се стабилен интернет и мирен простор.

Дали разговорите се доверливи?

Да. Сите информации се строго доверливи и се чуваат согласно законот за заштита на личните податоци.

Искуства

Споделени со доверба

“

Сензорната соба е местото каде нашето дете се смирува. Напредокот во концентрацијата го забележа и градинката.

Мајка на 5-годишно дете

 

Две светлечки сензорни топки, црвена и виолетова, во раце во темна соба

Сведоштвата се објавуваат со согласност на родителите.

Да започнеме со разговор

Контактирајте нè за информации или закажување прва средба – во центарот или онлајн.