Прескокни до содржината

ул. Франц Розман 2б, Влае, Скопје · Пон–Пет 08:30–16 ч. · Саб 10–12:30 ч.

Лого на Калинка – Центар за ментално здравје
Закажете средба

Центар за ментално здравје

Поддршка што започнува со разбирање

Во Калинка нудиме психолошка проценка, советување и психотерапија за деца, адолесценти и возрасни, како и дефектолошки и логопедски третмани за поттикнување на детскиот развој. Нашиот мултидисциплинарен тим ви помага да ги разберете тешкотиите и да го одредите следниот чекор.

Психолошка проценка, советување и психотерапија за деца, адолесценти и возрасни, логопедија и третмани за детскиот развој.

Мајка и син заедно градат со шарени коцки на маса

години искуство во раната интервенција и детскиот развој

15+

Светла чекална и рецепција на центарот за ментално здравје Калинка во Скопје

години ја градиме вашата доверба

15+

Задоволни семејства и успешен детски развој

4.1 ★★★★★

и други валидирани методи

ADOS-2

Детска соба за игра и терапија со маса, столчиња и лулашка во центарот Калинка во Скопје

За Калинка

За центарот Калинка

Калинка е центар за ментално здравје за превенција, рана дијагностика и третман на состојби поврзани со менталното здравје – кај деца, адолесценти и возрасни.

Името го носиме по калинката: овошје полно со зрна, симбол на раст и заедништво. Секое дете носи многу потенцијали, а нашата задача е да им помогнеме да созреат – заедно со вас.

Повеќе за Калинка

Водич за родители

Кога да побарате стручна поддршка за вашето дете?

Не мора да знаете „како се вика“ за да побарате совет. Изберете што ве загрижува и прочитајте што е нормално за возраста и со кого да разговарате.

Целиот водич

Услуги

Психолошки услуги и поддршка за детскиот развој

Од првата проценка до долгорочна поддршка – сè на едно место.

Мултидисциплинарен пристап кон вашите потреби

Тим, не поединец

Кога е потребно, случајот го разгледуваат повеќе стручни лица – за да се види целата слика.

Проверени методи

ADOS-2, ADI-R, сензорна интеграција, ABA и FORBRAIN.

Родителот е дел од терапијата

Присуствувате, учите вежби и добивате јасни насоки за дома.

Простор создаден за деца

Сензорна соба, опремени простории и надворешен простор за игра.

Како започнува

Како изгледа првата средба во Калинка?

1

Јавете се или пишете ни

Кажете ни накратко што ве загрижува и договараме термин.

2

Запознавање и проценка

Разговор со вас и набљудување на детето низ игра.

3

Јасен план

Ви ги објаснуваме наодите и заедно ги договараме следните чекори.

Закажете прва средба
Зелено виножито со буквички што го формираат натписот ментално здравје

Искуства

Искуства со Калинка

“

Сензорната соба е местото каде нашето дете се смирува. Напредокот во концентрацијата го забележа и градинката.

Мајка на 5-годишно дете

 

Две светлечки сензорни топки, црвена и виолетова, во раце во темна соба

Сведоштвата се објавуваат со согласност на родителите.

Сензорна соба во Калинка со осветлена туба со меурчиња, оптички влакна и шарени топчиња

Сензорна соба

Сензорна соба и поддршка за сензорните потреби

Светлина, звук, допир и движење во безбедна, контролирана средина. Snoezelen собата им помага на децата да се опуштат, да се фокусираат и да учат – без притисок и без зборови.

Повеќе за сензорната интеграција

Прашања

Најчесто поставувани прашања

Одговори што го олеснуваат првиот контакт.

Светла детска соба за игра со мали маси и столчиња

Како да закажам прва средба?

Јавете се на 072 232 363 или 02 2060 196, или пополнете ја формата за контакт. Ќе ве повикаме и заедно ќе избереме термин.

Дали ми треба упат?

Не. Калинка е приватна установа и можете да се обратите директно, без упат од матичен лекар.

Како изгледа првата средба?

Зависи за кого е средбата. Кај дете започнуваме со разговор со родителот за развојот и секојдневието, а детето го запознаваме низ игра. Кај возрасен станува збор за причината за доаѓање и очекувањата. Првата средба е почеток: целосна проценка обично бара повеќе средби.

Како да знам која услуга ми е потребна?

Не мора да знаете однапред. Кажете ни што забележувате, а ние ќе ве насочиме кон соодветното стручно лице.

За кои возрасти се наменети услугите?

Работиме со бебиња и мали деца (рана интервенција), деца од училишна возраст, адолесценти и возрасни.

Дали информациите се доверливи?

Да. Сите податоци и разговори се строго доверливи и се чуваат согласно законот за заштита на личните податоци и професионалната етика.

Дали работите со возрасни и за кои услуги?

Да. За возрасни нудиме психолошка проценка, психолошко советување и психотерапија, како и поддршка за родителите. При првиот контакт ќе ве насочиме кон соодветното стручно лице.

Колку чини првата средба и што вклучува?

Цената и траењето зависат од видот на средбата и од стручното лице. Јавете се на 072 232 363 и пред закажувањето ќе добиете точна информација за цената и што опфаќа средбата.

Кои услуги се достапни онлајн?

Психолошкото советување, психотерапијата, советувањето за адолесценти и поддршката за родители можат да се одвиваат преку видео-повик. За другите услуги прашајте при закажувањето.

Што треба да понесам на првата средба?

Постојни извештаи или проценки, доколку ги имате, и прашањата што сакате да ги поставите. Ако доаѓате со дете, може да понесете и омилена играчка. Повеќе во водичот „Прва посета“.

Дали родителот присуствува на средбата со детето?

Зависи од возраста и целта. Помалите деца обично започнуваат со родител, а кај адолесцентите се договара заеднички и индивидуален разговор. Родителите секогаш добиваат повратна информација.

Закажете прва средба во Калинка

Не сте сигурни која услуга ви е потребна? Јавете ни се или пишете ни. Ќе ве насочиме кон соодветното стручно лице за вас или за вашето дете.