Калина Пиперевска е основач и раководител на Центарот за ментално здравје Калинка. Дипломиран психолог е на Универзитетот Шефилд, со специјализација по медицинска психологија на Универзитетската клиника за психијатрија при државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Поседува долгогодишно професионално искуство во областа на клиничката психологија, психодијагностиката и психолошкиот третман на деца и адолесценти. Во својата професионална практика е посветена на раното препознавање, проценка и дијагностика на развојните, емоционалните, когнитивните и однесувачките тешкотии кај децата, со искуство во примена на психодијагностички инструменти и методи за сеопфатна проценка на психолошкото функционирање.
Во рамки на својата работа спроведува индивидуализирани психолошки третмани за деца со развојни и психолошки тешкотии, како и психолошко советување, едукација и поддршка на родителите во справувањето со развојните и воспитните предизвици.
Области на работа
- Психодијагностика
- Рано препознавање на развојни тешкотии
- Психолошки третман на деца и адолесценти
- Советување и едукација на родители
Квалификации
Образование и обуки
- Дипломиран психолог – University of Sheffield
- Специјализација по медицинска психологија – Универзитетска клиника за психијатрија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
- Едукација по когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ) (2007 – 2010)
- Програма за обука на кадри за отворање дневни центри за лица со попреченост во развојот – Акредитирана од Министерството за социјална работа и политика на Р. Србија (2011)
- Обука по сензорна интеграција (2014)
- Активно учество на Психијатрискиот конгрес во Берлин, Германија – Тема: „Важноста на интегративниот и мултидисциплинарниот пристап кај развојните отстапувања“ (2015)
- Registered Behavior Technician (RBT) обука (2017)
- Третман на траума преку арт-терапија – Протокол на проф. д-р Паола Луцато, Италија (2026)
- Едукативна програма „Теории и методологии во работата со сон“ – Специјализација во методот на линија на помал отпор во работата со соништата (2026)
- Комора на психолози на Република Северна Македонија (лиценца бр. 087)
Професионални референци
- Регистар на лиценцирани психолозиНаведена со лиценца бр. 087 (посебна лиценца), PDF страница 9.
Јазици: Македонски, English