Прескокни до содржината

ул. Франц Розман 2б, Влае, Скопје · Пон–Пет 08:30–16 ч. · Саб 10–12:30 ч.

Лого на Калинка – Центар за ментално здравје
Закажете средба

Услуга

Психодијагностика

Јасна слика за силните страни и потребите на вашето дете.

Рано откривање и проценка на психолошките тешкотии кај деца и возрасни, со стандардизирани психолошки тестови.

Дете црта и сече шарена хартија на маса со материјали

Кога детето има тешкотии со учењето, вниманието, емоциите или однесувањето, на родителите често им е тешко да проценат што се случува и кому да се обратат. И кај возрасните може да постои потреба за појасно разбирање на психолошкото функционирање и тешкотиите во секојдневниот живот.

Во Калинка, психодијагностиката опфаќа психолошка проценка преку разговор, набљудување и соодветни психолошки инструменти. Целта е да се согледаат силните страни, да се разјаснат тешкотиите и да се дадат препораки за понатамошна поддршка.

Што е психодијагностика?

Психодијагностиката е процес на стручна проценка на начинот на кој една личност размислува, учи, чувствува и се однесува. Во зависност од причината за обраќање, таа може да ги опфати когнитивните способности, вниманието, емоционалното функционирање, однесувањето и развојните потреби.

Кај децата се земаат предвид возраста, развојната историја и функционирањето дома, во градинка или на училиште. Така, проценката помага подобро да се разбере во кои ситуации се јавуваат тешкотиите и каква поддршка би била соодветна.

Кога е корисна психолошка проценка?

Не е потребно однапред да знаете дали постои одредена состојба за да побарате стручна консултација. Почетна причина може да биде загриженост, забележана промена или препорака од друго стручно лице.

Психолошка проценка кај деца и адолесценти

Проценката може да биде корисна кога:

  • Детето тешко го задржува вниманието или има тешкотии со следење инструкции.
  • Учењето и училишните обврски бараат значително повеќе напор од очекуваното.
  • Забележувате повлекување, загриженост, раздразливост или промени во однесувањето.
  • Постојат прашања за развојот, комуникацијата или односите со врсниците.
  • Се подготвувате за тргнување во прво одделение.
  • Потребно е појасно да се утврдат силните страни и областите во кои е потребна помош.

Овие појави сами по себе не потврдуваат нарушување. Нивното значење се проценува во однос на возраста, траењето, околностите и влијанието врз секојдневното функционирање.

Психолошка проценка кај возрасни

Кај возрасните, психодијагностиката може да помогне во разјаснување на емоционални тешкотии, начини на справување со стресот и одредени аспекти на когнитивното функционирање или личноста.

Конкретниот опфат се определува според прашањето поради кое лицето се обраќа и стручната проценка на психологот.

Што опфаќа проценката

  • Психолошки тестови за когнитивните способности
  • Психолошки профил на деца и возрасни
  • Проценка на подготвеноста за училиште
  • Дијагностички тестови за развојните нарушувања

Што добивате на крајот

Писмен извештај со наодите, разговор во кој ги објаснуваме резултатите и конкретни препораки – за дома, за училиште и за понатамошна поддршка доколку е потребна.

Видови поддршка

Каква поддршка барате?

ДЕЦА

Проценка на когнитивниот развој

Стандардизирани тестови за внимание, меморија, мислење и учење, приспособени на возраста.

Прашајте за проценка →

ПРЕД УЧИЛИШТЕ

Подготвеност за училиште

Дали детето е емоционално, социјално и когнитивно подготвено за прво одделение.

Закажете проценка →

ДЕЦА И ВОЗРАСНИ

Психолошки профил

Проценка на личноста, емоциите и начинот на справување со стресот.

Дознајте повеќе →

Првата средба

Што да очекувате?

  1. Прв контакт

    Се јавувате или ни пишувате; ве насочуваме кон соодветното стручно лице и договараме термин.

  2. Запознавање и проценка

    Разговор со родителот и набљудување на детето низ игра, во опуштена атмосфера.

  3. План и следни чекори

    Ги објаснуваме наодите и заедно договараме индивидуален план за поддршка.

Прашања

Пред вашата прва средба

Колку трае проценката?

Проценката се изведува во една или две средби, во зависност од возраста и прашањето.

Дали детето треба да се подготви?

Не. Важно е само детето да е одморено.

Колку трае средбата и која е цената?

Средбите траат минимум 60 до 90 минути. За актуелниот ценовник јавете се на 072 232 363 – ќе ви ги дадеме сите информации однапред.

Дали разговорите се доверливи?

Да. Сите информации се строго доверливи и се чуваат согласно законот за заштита на личните податоци.

Искуства

Споделени со доверба

“

Сензорната соба е местото каде нашето дете се смирува. Напредокот во концентрацијата го забележа и градинката.

Мајка на 5-годишно дете

 

Две светлечки сензорни топки, црвена и виолетова, во раце во темна соба

Сведоштвата се објавуваат со согласност на родителите.

Да започнеме со разговор

Контактирајте нè за информации или закажување прва средба – во центарот или онлајн.