Прескокни до содржината

ул. Франц Розман 2б, Влае, Скопје · Пон–Пет 08:30–16 ч. · Саб 10–12:30 ч.

Лого на Калинка – Центар за ментално здравје
Закажете средба

ПЗУ Калинка – Центар за ментално здравје („Калинка“, „ние“) ја почитува вашата приватност. Оваа политика објаснува кои лични податоци ги собираме преку сајтот kalinka.mk, зошто и како ги користиме и кои се вашите права, во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

Кој е контролор на податоците

ПЗУ Калинка, ул. Франц Розман 2б, Влае, 1000 Скопје. Е-пошта: [email protected], телефон: 02 206 0196.

Кои податоци ги собираме

Зошто ги користиме

Податоците не ги продаваме и не ги користиме за рекламирање.

Колку долго ги чуваме

Пораките од формата ги чуваме додека е потребно за комуникација со вас, а најдолго 12 месеци ако не станете наш пациент. Податоците за пациентите се чуваат според прописите за здравствена евиденција. Статистиката во Google Analytics се чува 14 месеци.

Кој има пристап

Стручниот тим и администрацијата на Калинка. Технички обработувачи: хостинг-провајдерот на сајтот, давателот на е-пошта и Google (Google Analytics 4 и Google Search Console). Google може да обработува податоци надвор од Европа врз основа на стандардни договорни клаузули.

Google Search Console

Search Console го користиме за да следиме како сајтот се појавува во пребарувањето на Google. Таа алатка не поставува колачиња на вашиот уред и не собира податоци за вас лично.

Вашите права

Имате право да побарате пристап, исправка или бришење на вашите податоци, ограничување на обработката, преносливост и да ја повлечете согласноста во секое време. Пишете ни на [email protected]. Имате право и на приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (azlp.mk).

Колачиња

Повеќе за колачињата прочитајте во политиката за колачиња.