Прескокни до содржината

ул. Франц Розман 2б, Влае, Скопје · Пон–Пет 08:30–16 ч. · Саб 10–12:30 ч.

Лого на Калинка – Центар за ментално здравје
Закажете средба

Стручен тим

М-р Богина Шубеска-Бошеска

Специјален едукатор и рехабилитатор, магистер по сурдологија

Дефектолошка дијагностика, рана интервенција и третман на деца со развојни тешкотии, со активно вклучување на родителите.

Богина Шубеска-Бошеска, специјален едукатор и рехабилитатор во центарот Калинка во Скопје

М-р Богина Шубеска-Бошеска е специјален едукатор и рехабилитатор, магистер по дефектолошки науки на државниот Универзитет во Белград, со професионално искуство во областа на дефектолошката дијагностика, раната интервенција и третманот на деца со развојни тешкотии.

Посебен акцент во нејзината работа е ставен на раната интервенција, поттикнувањето на психомоторниот, когнитивниот, комуникацискиот и социо-емоционалниот развој, како и развивањето на функционалните способности и самостојноста кај децата.

Нејзиниот професионален пристап се темели на индивидуално согледување на развојните потреби и потенцијали на секое дете, со активно вклучување на родителите во процесот на третман и поддршка на детскиот развој.

Области на работа

  • Рана интервенција
  • Дефектолошка дијагностика
  • Психомоторен и когнитивен развој
  • Комуникација и самостојност

Квалификации

Образование и обуки

  • Магистер по дефектолошки науки (сурдологија) – Универзитет во Белград
  • Специјален едукатор и рехабилитатор – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Јазици: Македонски

Блог

Написи од авторот

Заинтересирани сте за средба со М-р Богина Шубеска-Бошеска?

Пополнете ја формата или јавете се – ќе ве контактираме за слободен термин.